Во протосториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска управниот одбор на истата одлучи редовното собрание да се одржи на 21.март годинава.

Највисокото тело на федерацијата на чело со претседатело Муамед Сејдини ќе ги разгледува минатогодишните финансиски извештаи и ќе го усвојува буџетот за оваа година. Овој настан ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Денеска покрај оваа одлука, управниот одбор ја одреди и цената на билетите за  бараж полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите со Косово кој ќе се игра на 26. март во Скопје.