УЕФА објави дека добила рекорден број на апликации за билетите за Европското фудбалско првенство во 2020 година. Само за финалниот меч има 1,9 милиони апликации, завршниот меч се игра на Вембли .

Во првата фаза УЕФА продаваше 1,5 милиони влезници, стигнале барања од 19,3 милиони  што е рекорд на пријави за влезници.

Европското фудбалско првенство во 2020 година ќе се игра во рекроден број на градови, вкупно 12, двете полуфинални пресметки и финалето ќе се играат во Лондон на Вембли.