Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Герет Бери соопшти дека ја завршува својата кариера.

Бери, кој со 653 натпревари е рекордер во Премиер лигата, последниот натпревар го имаше во март кога беше во составот на ВБА во дуелот и поразот од Њукасл (2:3) во ФА Купот.

Во текот на неговата 23 годишна кариера тој играше за Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и ВБА, а вкупно има настапено на 833 натпревари и постигнал 67 гола.

Бери (39) со Астон Вила го освои Интер Тото Купот, а со Сити Премиер лигата и ФА Купот. За репрезентацијата на Англија играше од 2000-2012 година, настапи на 53 натпревари и запиша три погодоци.