Заминувањето на Марадона на „другиот свет“ носи сериозни реперкусии меѓиу неговите осум поранешни жени и единаесет деца до кои не се сите признаени како наследници на имотот на легендарниот фудбалер од Аргентина.

Марадона имаше еден официјален брак и три вонбрачни потврдени врски, има пет деца кои ги призна како негови, но во меѓувреме се појавија уште чети жени кои тврдат дека му родиле уште шест деца на Аргентинецот.

Според првичната проценка Марадона има имот од 75 милиони долари во недвижности и акции, но и договори поврзани со неговиот лик и дело со маркетинг компании и спортски брендови.

Марадона не оставил тестамент па јасно е дека целата оставинска постапка ќе ја придружуваат најразлични сведоштва и тужби.