Јувентус планира да го понуди Арон Ремзи, плус 40 до 50 милиони евра со цел да го врати Пол Погба од Манчестер Јунајтед, тврди „Газета Дело Спорт“.

Според експертот за трансфери, Николо Шира, „Старата дама“ ова лето ќе ја испрати оваа понуда до „Олд Трафорд“.

Агентот Мино Рајола, па дури и братот на Погба, не се ни обидоа да ја сокријат неговата желба да го напушти Манчестер Јунајтед, а наводно Французинот разговарал со директорот на Јуве, Павел Недвед. Манчестер Јунајтед за Погба бара 150 милиони евра, но Јувентус со Велшанецот се надеваат на позитивен одговор од „црвените ѓаволи“.

Како и Емре Џан од Ливерпул, Ремзи пристигна како слободен агент од Арсенал, но не успеа да се избори да биде стандарден во првите 11. на Сари. Погба во Јунајтед дојде во 2016 година од Јувентус за рекордни тогаш 105 милиони евра.