Ренато Санчес го засили Баерн во 2016 година  и важеше за супер талент, клубот од Германија за договорот на пет години  требаше да исплати 80 милиони евра  вкупно на Бенфика.

Португалецот Санчес со овој договор на 18. годишна возраст стана најскапиот играч кој од домашното првенство замина во странство.

Три години подоцна, тој е најголемото разочарување кај Баерн и најголемото промашување на трансфер берзата во историјата кај гигантот од Германија.

Санчес од вчера е играч на Лил од Франција, трансферот тежи 25 милиони евра, најголем во историјата на клубот од Франција, Португалецот има 22 години и има шанса да го поправи впечатокот.