Македонскиот фудбалски прволигаш, Ренова е без тренер откако Бујар Ислами си поднесе оставка, потврдија од екипата која е во катастрофална форма во оваа сезона во ПМФЛ.

„Бујар Ислами поднесе оставка од тренерската позиција и повеќе нема да го води нашиот тим. Му се заблагодаруваме за постигнатите успеси во претходните 17 месеци, меѓу кои и е историскиот пласман во квалификациите за Лига Европа. Му посакуваме успех и здравје во иднина. “- велат од Ренова.

Тетовскиот прволигаш по 12 кола во ПМФЛ е на претпоследното место со осум освоени бодови, во следното коло Ренова ќе го дочека Борец.