Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски кариерата ќе ја продолжу во МТК  од Унгарија.

Ова е одлуката на 20 годишниот фудбалер кој имаше повеќе опции за трансфер, но се одлучи за клубот со кој потпиша и преддоговор во мај.

„По одличната сезона која ја мина во нашиот клуб, ова е голем чекор за одличен играч и момче како што е Миовски. Бојан Миовски, ти посакуваме многу здравје и успех во новиот клуб и ти благодариме за се.“ – сооштија од Ренова.


Миовски оваа сезона одигра 18 натпревари за Ренова и постигна два гола, предходно во кариерата играше и за Македонија ЃП, Работнички, Брегалница и за Карабах.