Репрезентативецот на Бразил и член на Евертон, Ришарлисон, ќе го пропушти четвртфиналето на Копа Америка и натпреварот против Парагвај поради заушки.

Фудбалската федерација на Бразил соопшти исто така дека сите останати репрезентативци ќе бидат вакцинирани пред натпреварот кој ќе се одигра во Порто Алегре.

Според информациите, 22-годишниот Ришарлисон во текот на вчерашниот ден тренирал заедно со екипата, а денеска му биле дијагностицирани заушки.