Фудбалерките на женската фудбалска репрезентација на САД ја тужат Американската фудбалска федерација.

Во рамките на процесот за полова дискриминација, тие побаруваат 66 милиони долари како компензација. Документите се предадени во Окружниот суд во Лос Анџелес, а процесот ќе почне на 5 мај.

Меѓу поднесените документи се и колективните договорина машките и на женските репрезентации на САД. Фудбалерките се борат за правото да имаат иста плата како и мажите.