На дефанзивецот на Реал Мадрид Рафаел Варан договорот му истекува летото 2022 година, а се чини дека тимот од главниот град на Шпанија нема намера истиот да го продолжи. „Manchester Evening News“ пишува дека Манчестер Јунајтед го контактирал францускиот репрезентативец со цел да ја испита ситуацијата.

Истиот весник пишува дека Јунајтед не е единствен меѓу заинтересираните клубови, тука е и Ливерплул, но наведува дека сите клубови заинтересирани за Варан сакаат да го доведат пред истекот на договорот.

Меѓутоа, клубот од Олд Трафорд очајнички бара решение во одбраната, а Мирор пишува дека за трансферот на Варан Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 40 милиони фунти.

Јунајтед сакаше да го доведе Варан уште како тинејџер, но тој тогаш се одлучи од Ленс да замине во Реал Мадрид, каде е веќе една декада. Во неколку наврати се обидуваа, но не успеаја да го убедат Варан да се раздели од кралскиот клуб.

Оле Гунар Солскјер неодамна кажа дека Јунајтед ова лето ќе се обиде да доведе три играчи од светска класа, но дека приоритет е централен дефанзивец, кој би му бил партнер на Хери Мегваер.