Барселона вчера го објави трансферот на Мартин Брајтвајт од Леганес, вреден 18 милиони евра. Правото да најде напаѓач надвор од преодниот рок Барселона го доби со специјална дозвола на Ла Лига, а сето тоа поради повредите на Усман Дембеле и на Луиз Суарез.

Барселона го искористи правото и ја активираше откупната клаузула на Мартин Брајтвајт.

Во таква ситуација и Леганес веднаш побара дозвола да ја надомести штетата и да најде напаѓач во замена за Мартин Брајтвајт, но беше експресно одбиена од Ла Лига.

Сега Леганес ја обвинува Барселона за неспортско однесување, бидејќи буквално им го украде напаѓачот.

Нашиот клуб немаше намера да преговара со Барселона. Се најдовме во ситуација кога ни е нанесена огромна штета. Не можеме да се сложиме со ситуација во која еден клуб, чии двајца фудбалери се повредени, прави едностран трансфер и си го решава проблемот за сметка на друг клуб. Ова е неправедно, Барселона е страната која добила, а ние, ни криви ни должни, сме оштетената страна“. – изјави директорот на Леганес, Мартин Ортега.