Ангажманот на Еден Азар од Челси е само почетокот на планот на управата на Реал Мадрид за создавање напаѓачко трио кое ќе биде страв и трепет за противничките одбрани.

Шпански „Ас“ пренесува дека во Реал Мадрид сериозно работат на следните два големи трансфери. Зидан верува дека со купување на Мбапе од ПСЖ и на Халанд од Борусија Дортмунд, „Кралевите“ одново ќе бидат главни фаворити за титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Мбапе сеуште нема потпишано нов договор со ПСЖ и големи се шансите тој во следното лето да го промени клубот, Халанд пак има ниска откупна клаузула од 69 милиони евра и поради ова големи се шансите Реал Мадрид да го оствари тоа што го наумил Зидан.