Управата на „Црвените Ѓаволи“ ќе мора да бара ново решение за носечко лого на дресовите откако од Шевролет најавиле дека не планираат да го продолжат договорот кој истекува во 2021 година.

Јунајтед во 2014 година потпиша со Шевролет за 410 милиони фунти што претставуваше рекорд за позицијата, главен спонзор за дресовите за натпревари (Јунајтед има договор со АОН за дресовите и опремата за тренинг).

Ако ова биде потврдено, Солскјер и Вудворд ќе имаат уште една тема за разговор покрај сите останати поврзани со катастрофалниот влез во оваа сезона во Премиер лигата.

Сепак лошите резултатити и дестабилизацијата на клубот ги предомислило челниците на Шевролет за продолжување на соработката.