Фиорентина славеше на гостувањето кај Милан со 3:1 и со ова ја продолжи низата без пораз од четири натпревари во Серија А.

Франк Рибери постигна еден гол за „Виолетовите“ а беше еден од најдобрите играчи на мечот.

„Јас сум стар? Да, но млад сум на теренот. Фудбалот е мојот живот и секогаш сум гладен за успеси, обаво е што овој тим е составен од млади играчи. Аплауз добија навивачите на Милан затоа што да се игра тука секогаш е специјално чуство, ова е тешко време за Милан но ние одигравме одличен меч и сме среќни.“ – изјави Рибери.

Милан го запиша третиот пораз во низа по што падна на 16 место во Серија А.