Францускиот фудбалер Франк Рибери и натаму е без клуб откако минатата сезона му заврши неговиот договор со минхенски Баерн. Рибери помина 12 години во дресот на Баерн, а по завршувањето на минатата сезона тој се збогуваше со Баварците откако од управата на клубот не му понудија продолжување на договорот.

Французинот сега е во потрага по нов клуб, а откако се појавија информации дека би можел да се пресели во Монако, сега германските медиуми пренесуваат дека Рибери би можел сепак да остане во Бундес лигата, откако на негова адреса пристигна понуда од Ајнтрахт Франкфурт.

Франкфурт е во потрага по нови фудбалери откако германскиот клуб остана без Лука Јовиќ и Себастијан Халер, па на Рибери му бил понуден едногодишен договор со опција на продолжување на уште една година.

Како што пренесува „Билд“, Рибери бил заинтересиран за оваа понуда затоа што би сакал да остане во Бундес лигата.