Управата на Бока Јуниорс не се откажува од планот во тимот да го имаа Едисон Кавани, порача заменик претседателот на клубот, легендарниот Хуан Роман Рикелме.

Кавани неодамна потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед и потврди дека имал понуда од Бока, но решил да остане во Англија уште најмалку една сезона.

„Мислам дека следната сезона Кавани ќе биде со нас. Пред една недела тој потврди дека останува во Јунајтед, но нас ни кажа дека останува отворена вратата за соработка селдната сезона. Секако дека сакаме да го имаме, но тоа нема да се случи ова лето.“ – изјави Рикелме.