Останува  или си оди, Сергеј Милинковиќ – Савиќ има многу понуди, Манчестер Јунајтед интензивно преговара со Лацио кој ја зголеми цената на 100 милиони евра.

Се чини дека оваа римска сапуница ќе потрае, Јунајтед понуди 80 милиони евра, Лацио притиска за 100 милиони, засега нема договор за Милинковиќ -Савиќ.

Скај Италија тврди дека засега нема договор на релацио Лацио – Јунајтед, клубот од Рим не попушта, репрезентативецот на Србија има договор до 2023 година  и затоа клубот од Лацио не брза.

Медиумите од Италија тврдат дека до застој дошло поради понудите од Милан, Интер и ПСЖ и дека Лацио тактизира со зголемувањето на откупната цена во преговорите со Јунајтед.