Поранешниот капитен на Рома и легенда на овој клуб, Франческо Тоти откри дека е отворен за разговори да се врати во Рома со некоја функција, но тоа би се случил кога „Римската Волчица“ ќе ја превеземат новите сопственици Фридкин.

Односот меѓу сегашниот претседател Палота и Тоти не е најдобар, а 43-годишниот играч го напушти клубот со големи контроверзии во летото 2019 година.

„Ако добијам телефонски повик, ќе размислам за мое враќање во клубот. Мојот однос со ова раководство е таков каков што е и морав да се тргнам настрана како не би го изневерил клубот кој што ми даде толку многу“- изјави Тоти за „Ил Месаџеро“.