Португалското фудбалско првенство и официјално ќе продолжи на 4 јули. Властите од Португалија одлучија дека клубовите сега можат во целост да се подготувваат и да ја темпират формата за 25 коло од првата лига.

Натпреварите ќе се играат без публика, тимовите веќе две недели тренираат а сите чекори се веќе преземени за заштита од Ковид-19, информираа медиумите од Португалија.

Нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон пред продолжението на сезоната е на 4 место на табелата со 42 бода, Брага со 46 е на третата позиција, Бенфика има 59 бодови а Порто е на врвот со бод повеќе.