Дефанзивецот Стефан Ристовскиво пресрет на средбата утре со Австрија смета дека тимот има многу мотиви за добра игра и резултат ако се укаже шанса.

Ристовски најави дека сите се добро подготвени, Австрија е фаворит, но ние ќе играме на најдоброто можно ниво, се надева дека нема да одиграме така лошо како во Скопје, ние сме репрезентација која се бори секогаш до крај.

„За репрезентацијата секогаш се игра најдобро што се може, ние ќе играме максимално, ако немаме шанси за ЕУРО, сепак игарме за репрезентацијата, ни следува и Лига на нации, бараж, ке играме најдобро против оваа силна Австрија, ке се обидеме да бидеме на третото место на крајот од овој квалфикациски циклус- изјави заменик капитенот, Стефан Ристовски.