Стефан Ристовски е голем борец на теренот, потврди дека дава се од себе за националниот тим, играше недоволно опоравен против Словенија, но одигра перфектно.

Дефанзивецот на Македонија со респект гледа кон Полска но смета дека имаме историска шанса во овие квалификации.

„Некои можеби не отпишаа, но ние покажавме дека можеме да победиме секого, играме за историја, можеби и не сме свесни каква шанса имаме, Полска е фаворит, но ние никогаш не се предаваме, имаме победнички карактер, така ќе биде и тука“ – изјави Ристовски.

Средбата, Полска – Македонија се игра утре од 20:45 часот.