Заменик капитенот на Македонија, Стефан Ристовски го одигра 50 натпревар во националниот дрес но јубилејот не можеше да го прослави со победа.

„Искуството на крај пресуди. За Македонија преку оваа групна фаза да се пласира на ЕП мора да се добијат натпревари како што се овие со Полска и со Австрија, некој од фаворитите. Не може да се задоволиме само со две победи и да одиме на Европско. Овој натпревар бара одговорност, фудбал да се игра према напред. Имавме блок кој издржи до 75 минута а потоа со контра ни даде гол. Но да имавме малку поголемо искуство мислам дека можевме да ја победиме  Полска. Според мене мислам дека не е подобра од нас.“– изјави Стефан Ристовски.

Десниот бек на Спортинг Лисабон, по долгата пауза поради повредата реши да ризикува и да настапи на овие два меча со Словенија и со Полска и покрај тоа што не беше физички подготвен во целост за предизвикот но храбро го издржи товарот.