Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери, Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија склучија Договор за спонзорство за наредните три години.

Репрезентативецот Стефан Ристовски смета дека заедништвото е најважна работа.

„Би сакал заедништвото да продолжи, спонзорството на Комерцијална Банка ни значи многу, тие се важен наш партнер и општествено одгворна компанија, ние ќе вратиме со максимално залагање на терен“ – изјави преку видео врска Ристовски.