Лионел Меси повторно е главна тема во светот на фудбалот откако капитенот на Барселона одлучил да ги стопира преговорите за продолжување на договорото со „Каталонската“ гордост.

Додека во Барселона бараат замена за Сетиен а Чави се споменува како прва алтернатива, легеендарниот Ривалдо има поинаква идеја.

„Ако размислува да го промени клубот, на тоа сигурно има големо влијание и состојбата во соблекувалната во последните неколку месеци. Кога ќе му заврши договорот на Меси, тој ќе има 34 години, и мислам дека сеуште ќе може лесно да се справи со предизвиците дури и во Премиер лигата. Ќе ми биде жал да видам дека ќе си замине од Барселона но може да го провлече шансата повторно да работи со Пеп Гвардиола, конкретно во Манчестер Сити.“ – вели Ривалдо.

Според него постои и можност Меси да замине во Јувентус и таму да игра заедно со Роналдо, тоа Ривалдо смета деќа ќе биде светски хит.