Ривер Плата донесе решение да се повлече во карантин, откако кај еден од фудбалерите се појавија симптоми на Ковид 19. Сепак, направениот тест даде негативен резултат.

Со ова повлекување во карантин, Ривер Плата реши да не учествува во Купот на Аргентина, каде требаше да се сретне со Атлетико Тукуман.

Ова решение на Ривер Плата е веднаш осудено од раководството на аргентинската Суперлига, која најави казни.

Сите треба да им се потчинуваат на правилата. Здравствените работници не убедија дека фудбалерите засега не се во ризична група и дека треба нормално да си ја работат работата, како што тоа секој ден го прават илјадници Аргентинци во фабриките, болниците и на другите места“, се вели во соопштението на лигата.