Поранешниот крилен напаѓач на Баерн Минхен и холандската репрезентација, Арјен Робен, денеска објави крај на својата професионална кариера.

35-годишниот Робен, во својата 19-годишна кариера запиша 606 настапи и 210 погодоци, а освои титули во Холандија, Шпанија, Германија и Англија.

Како најсветла точка во неговата кариера, ќе биде запаметен погодокот за баварскиот тим во последната минута од финалето на Лигата на шампионите во 2013-та година, кога Робен му ја донесе титулата на Баерн против лутиот ривал Борусија Дортмунд.