Некогашниот селектор на италијанската репрезентација и фудбалски тренер Роберто Донадони, е тренер на кинескиот Шенжен.

55-годишниот стратег го наследи Шпанецот Хуан Рамон Лопез Каро, кој доби отказ и покрај тоа што обезбеди опстанок во лигата.

Целта на Шенжен е сезонава да се бори за поголеми цели, но во моментов е претпоследен во кинескиот шампионат и нема победа на 12 последователни натпревари.

Донадони исто така во својата тренерска кариера ги водеше тимовите на Лече, Џенова, Наполи, Каљари, Болоња и Парма.