Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити го договори шпанскиот фудбалски репрезентативец и член на Атлетико Мадрид Родриго Ернандез Касканте.

Сити за него ќе плати 70 милиони евра. Дополнителни информации околу договорот на Шпанецот со Сити допрва се очекуваат и тоа откако ќе се завршат сите формалности околу неговиот трансфер.

Популарниот Родри ќе биде второ најскапо засилување во историјата на Сити. На врвот ќе остане Кевин Де Брујн со 76 милиони евра, но затоа ќе го прескокне Ријад Марез кој минатото лето беше платен 67.8 милиони евра.