Кога Луис Назарио де Лима Роналдо на 6 октомври 2002 на „Сантиаго Бернабе“ го постигна деби голот за Реал Мадрид за рекордни 62 секунди, неговиот сонардоник Родриго Силва имал 1 година и 9 месеци.

Синоќа Родриго го постигна својот деби гол за само 93 секунди и влезе во историјата на Ла Лига како најбрз стрелец дебитант, после Роналдо чиј рекорд сеуште не е срушен. Родриго ова лето го засили „кралскиот клуб“ од бразилски Сантос.

Реал Мадрид славеше против Осасуна со 2-0 и по 6 одиграни кола се наоѓаат на првата позиција во Ла Лига.