Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс е решен да го ангажира Кристофер Ајер во зимскиот преоден рок и со ова да ја заврши потрагата по замена за Морган.

Ајер има 21 година и кариерата ја започна како играч за врска но по доаѓањето на Роџерс во Селтик беше прекомандуван во одбраната. Лестер подготвил 20 милиони евра за Ајер кој неодамна изјави дека посакува еден ден да игра во Премиер лигата.

Роџерс до крајот на сезоната планира сериозно да го подмлади тимот а во летниот преоден рок да се ослободи од Морган и од Еванс.