На Манчестер Јунајтед му се неопходни три- четири големи играчи за да бидат конкурентни на Манчестер Сити, смета некогашниот капитен на црвените ѓаволи.

Тој сега работи како коментатор на Скај Спорт, а познат е по тоа што секогаш бил директен, како на теренот, така и надвор од него, па сега жестоко удри по играчите на Манчестер Јунајтед после разочарувачкиот пораз во дербито со Ливерпул со 2:4.

Црвените ја казнија целосно разбиената одбрана на домаќинот во отсуство на Хери Мегваер, а средниот ред беше целосно не неповрзан, без можност да му се спротистави на противникот.

„Сите недостатоци на Јунајтед излегоа на виделина последниве неколку дена. Погледнете го учинокот на двајцата играчи од средниот ред. МекТоминеј е добар, искрен играч. И го имаат Фред, додека се тие двајца играчи во Манчестер Јунајтед, тие нема да освојуваат големи трофеи“– вели Кин за Скај.