Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин изјави дека клубот во престојното лето не смее да размислува предолго и дека мора сериозно да се засили ако сака да дојде на нивото на Манчестер Сити и во следната сезона да може да се бори за титулата во Премиер лигата.

„Потребни им се уште двајда или тројца играчи за да можат да го предизвикаат Манчестер Сити. Едноставно кратки се во однос на клваитетот, потребен им е напаѓач од светска класа и уште еден креативец а може и уште еден стопер, но јас би ставил приоритет на напаѓач и на плејмејкер. Има играчи кои би биле одлични во Јунајтед. Кари Кејн и Џек Грилиш, јас би ги купил по секоја цена. Мислам дека на Јунајтед му недостигаат вакви играчи а тие пак би уживале на „Олд Трафорд“.“ – вели Кин.

Ирецот само се надоврза на шпекулациите, откако Јунајтед подолго време се поврзува со ангажман на Кејн и Грилиш, а во целата трансфер мешница со „Ѓаволите“ се поврзуваат и Кунде и Санчо.

Грилиш е достапен за 80 милиони евра додека Кејн за околу 150 милиони евра, според последните најави од „островјани“.