Борусија Дортмунд никако да ја стабилизира формата и да се врати во посакуваниот ритам.

Тренерот на „Милионерите“ Един Терзиќ по поразот од Менхенгладбах посочи дека добрата игра во напад не може да ја анулира катастрофалната реакција во одбраната.

Сличен став по однос на ова прашање има и капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

„Ако не ги свртиме работите наскоро, ќе биде многу тешко. Секогаш правиме исти грешки, ова навистина смрди!“ – изјави Ројс.