Рома ги откупи договорите на дефанзивецот Џанлука Манчини и на играчот од средината Џордан Верету. Двајцата фудбалери настапуваа во Рома како позајмени играчи.

Манчини е откупен од Аталанта за 13 милиони евра, плус 8 милиони во бонуси, додека неговата позајмица ја чинеше Рома 2 милиони евра.

Позајмицата на Верету ја чинеше „Волчицата“ 1 милион евра, додека сумата за откуп 16 милиони евра, со дополнителни 2 милиони евра во бонуси.

23-годишниот Манчини сезонава одигра 31 натпревар за Рома, додека 26-годишниот Верету настапи на 33 средби во сите натпреварувања.