Португалецот Жозе Мурињо е магнет за фановите, и кога победува и кога губи, тој е тренер со неверојатен темперамент, неговите изјави и потези се прераскажуваат, знае да биде исклучително харизматичен, го сакале или не, тој е едноставно неверојатен.

Мурињо сонува за трофеј во кариерата од 2017 година, со Манчестер Јунајтед го освои Лига купот на Англија и Лигата Европа.

Рома се реши да го врати во Италија, познат му е фудбалот на „чизмата“ каде има трофеј со Интер, ефектот „Мурињо“ и донесе профит на Рома, веднаш и без одлагање, скокнаа акциите на клубот од Рим, прво за 12%, а потоа за цели 26%.