Екипата на Рома денес објави дека по завршувањето на сезоната и официјално ќе ја прекинат соработката со Португалскиот тренер Паоло Фонсека.

Италианскиот прволигаш сезонава бележи лоши резултати , и под очекувањата на раководството на „волчицата“ па разделбата со Фонсека делува неминовно.

Тимот најверојатно нема да избори место во Лигата на шампионите следната година, а единствената надеж за учество во Европа следната година полека исчезнува по поразот од 6-2 од Манчестер Јунајтед во првиот полуфинален дуел од Лигага на Европа.

Фонсека во Рома пристигна 2019 година од украинскиот клуб Шахтјор Доњецк.

Главен фаворит за нов предводник на Рома е Маурицио Сари. Италијанскиот стручњак е без ангажман, а според медиумите од Апенините, остварен е контакт и наскоро треба да бидат дефинирани сите детали, пред официјалната промоција.