Хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен извесно е дека ќе ја продолжи кариерата во Италија но сеуште не е познато која понуда ќе ја прифати.

Пред неколку дена беше најавено дека Рома е во завршни преговори со Ливерпул и дека Ловрен наскоро ќе стави потпис на тригодишен договор. Ова сепак не било реализирано откако во игра влегол и Милан.

Ловрен нема иднина во екипата на Ливерпул и поради ова е подготвен да прифати и помала плата во Италија само да го врати првотимскиот статус.