Управата на Рома и Маурисио Сари во следните неколку дена ќе го одржат и завршниот состанок на кој треба да ги прецизираат последните детали околку нивната соработка во најава.

Ова го пренесува „Кориере Дело Спорт“ со најава дека Сари се уште е врзан со договор со Јувентус до јуни 2022 година и ова може да претставува правна пречка, ако тренерот сака да ги добие сите пари кои „Старата Дама“ се има обврзано да му ги исплати.

Неофицијално Сари можно е да се откаже од 50% од парите кои ги очекува до Јувентус за да има предвремен раскин на договорот а со тоа и можност да потпише со Рома.

Сари веќе им најавил на челниците на „Римската Волчица“ дека сака четири засилувања плус нов голман.