Рома најверојатно ќе го загуби дефанзивецот Крис Смолинг, кој во клубот настапува како позајмен играч на Манчестер Јунајтед.

Имено, ако Рома сака да го откупи неговиот договор, тогаш за откупот, но и за платите на Смолинг, Рома ќе треба да издвои 40 милиони евра, што за „Волчицата“ е многу голема сума, пишува Corriere dello Sport.

Рома можеби нема да обезбеди настап во Лигата на шампионите и ќе ги загуби дополнителните приходи што ги носи лигата, па и најверојатно ќе го загуби Крис Смолинг.