Управата на Рома не е подготвена да издвои 25 милиони евра и со тоа да ја активира откупната клаузула која ја има во договорот со Арсенал по завршувањето на оваа сезона а со тоа крајот на позајмицата на креативецот во Рим.

Ерменецот одигра 17 натрпевари за Рома во Серија А и во Европа лига заедно, постгина шест голови и запиша четири асистенции. Управта на „Волчицата“ му соопштила на неговиот агент, Раиола дека не е во можност да го откупи но сака да го задржи.

Раиола ќе побара продолжување на позајмицата до јуни 2021 година до кога играчот има договор со Арсенал, па за ова да се реализира, Михтарјан прво ќе мора да го продолжи договорот со „Топџиите“.