Хрватскиот интернационалец  Никола Калиниќ едноставно нема среќа со тимовите за кои настапува. Калиниќ ова лето стигна во Рома на позајмица од Атлетико Мадрид, но на стартот од оваа сезона доживеа тешка повреда, поради која ќе биде надвор од терените до крајот на годината.

Хрватот оваа сезона настапи на 5 мечеви за Рома во кои одигра само 182 минути. Тренерот Пауло Фонсека се соочува со големи проблеми во нападот каде единствена 9-ка е Един Џеко.

Iталијанските медиуми шпекулираat дека Рома во јануари сигурно ќе доведе уште еден напаѓач кој би можел да биде резервна опција за Џеко, a тоа веројатно ќе биде крајот за Калиниќ во Рома.