Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“ објави информација дека управата на Рома одлучила да ја прекине соработката со Един Џеко на крајот на сезоната, кој е под договор до 30 јуни 2022 година.

Наводно, спортскиот директор на Римјаните, Тиаго Пинто, веќе е во потрага по нов напаѓач, кој заедно со Мајорал ќе го предводи нападот на Рома следната сезона. Прв на списокот со желби е напаѓачот Торино Белоти – 27, кој, како што наведува споменатиот италијански весник, е подготвен за нов чекор во кариерата.

Сепак, Римјаните прво треба да се договорат со Џеко за прекинување на соработката, кој во последната година од договорот  има приход од 7,5 милиони евра.

Босанскиот ас е член на клубот од Рим од 2015 година, каде одигра 251 натпревар и постигна 116 погодоци, со што стана трет стрелец на Рома на сите времиња. Првото место му припадна на Франческо Тоти со 307 голови, а второто место на Роберто Пруц со 138.