Тренерот на Рома, Паоло Фонсека, изрази желба клубот да ги откупи дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, и играчот за врска на Арсенал Хенрик Мхитарјан, и да ги потпише на трајна основа. Двајцата во моментот настапуваат како позајмени фудбалери.

„Крис е прекрасно момче и е вистински професионалец. Тој брзо се приспособи на играта во италијанското првенство и него го сакаат сите во клубот. Јас сакам тој да остане и ние зборуваме на таа тема. Јас не ја знам ситуацијата во Манчестер Јунајтед, но Смолинг е многу важен за нас. Што се однесува на Мхитарјан, тој во текот на сезоната се повредувал, но сега тој се враќа и го покажува своето ниво. Ќе видиме што ќе се случи. Тој одлично се однесува на теренот, има смели решенија и јас исто така би сакал тој да остане во нашата екипа“, изјави Фонсека за Sky Sports.

Претходно имаше гласини дека Рома ќе го враќа Мхитарјан назад во Арсенал.