Иван Ракитиќ е само еден од десетмината фудбалери на Барселона од првата екипа кои ова лето се во потрага по нов клуб.

Откако пропаднала можноста за Ракитиќ да се врати во Севиља, репрезентативецот на Хрватска добил понуда од Рома.

Сепак висината на платата и барањето за тригодишен договор со исти услови како и за првата сезона може да биде проблем за Рома.

Ова го потврди и спортскиот директор на „Волчицата“, Мончи кој трансферот на Ракитиќ го окарактеризира како тешко изводливо сценарио.