Според информацијата на The Sun, Рома се откажа од играчот од средниот ред Хенрик Мхитарјан.

Според овој извор, „Волчицата“ не сака да му плати 23 милиони евра на Арсенал, од каде 31-годишниот Мхитарјан дојде на позајмица.

Договорот на Мхитарјан со Арсенал завршува следната сезона, после што тој ќе биде слободен агент, па затоа Рома не сака да плати толку многу.

Оваа сезона Ерменецот одигра само 10 средби во кои постигна 4 гола, а имаше и една асистенција.