Никола Калиниќ го напушта Атлетико Мадрид и оди во Рим кај Рома на позајмица од една година.

Рома на Калиниќ ќе му исплаќа годишно 2,5 милиони евра, следната година има право на откуп за 10 милиони евра.

Калиниќ е поранешен репрезентативец на Хрватска, има 31 година, во Италија играше за Фиорентина и Милан во периодот од 2015 до 2018 година и запиша вкупно 100 настапи за двата тима и постигна 33 голови.