Един Џеко нема да може да им помогне на совите соиграчи за неделното дерби со Милан во Серија А.

Босанскиот репрезентативец, се повреди во дуелот со Брага во Лига Европа и најверојатно ќе мора да паузира најмалку десет дена.

Се очекува Фонсека во почетниот состав да му даде шанса на Мајорал.

Во тимот на Рома поради повреда за дуелот со Милан ќе недостигаат и Ибанез, Кумбила, Сантон, Смолинг и Заниоло.