Поранешниот играч на Рома, Себастјано Нела, кој денеска е директор на женската екипа на „Волчицата“, раскажа како пред две години Рома одби да даде 4 милиони евра за Ерлинг Халанд.

„Нашиот спортски директор Мончи доби предлог да го потпише Халанд за 4 милиони евра, ама му се видоа многу и тој ја одби понудата и Халанд заврши во Лајпциг“.

Поминаа само две години и Халанд е фудбалерот за кој во моментов најмногу се пишува и зборува, а неговата цена вртоглаво расте.

Рома има за што да жали.