Германски „Билд“ пренесува дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е упорен да го донесе Ерлинг Халанд на „Стемфорд Бриџ“!

Иако претходните месеци беше напишано дека Халанд е против трансферот меѓу „сините“, затоа што не го смета европскиот шампион за врвен клуб, тоа не го спречува Рускиот олигарх да направи апсолутно сè за Норвежанецот да стане новата „деветка“ на неговиот клуб.

Абрамович е подготвен да одвои неверојатни 175. милиони евра за оваа работа, што сè уште не го приближува водечкото дуо на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке  и Мајкл Зорк поблиску до одлуката за ослободување на супер талентираниот напаѓач.

Од друга страна, Абрамович веќе му рекол на тренерот Томас Тухел да го расчисти вишокот во офанзивата и со тоа делумно да го финансира трансферот на Халанд, и секако да ослободи простор во буџетот за плата што ќе биде дури и над првата на платниот список, на кој се наоѓа Бен Чилвел со скоро 11 милиони евра годишно.